Искусниот чешки голман, Петр Чех, објави дека по завршувањето на сезона ќе ја заврши својата професионална кариера.
„Ова е мојата 20. професионална сезона. Чувствувам дека е вистинското време да објавам дека по завршувањето на сезоната ќе замина в пензија. Играв во Премиер лигата 15 години и ги освоив сите можни трофеи, не можев да сонувам дека ќе ми се случи нешто такво. Се надевам дека сезонава ќе се радувам на некој трофеј со Арсенал“, напишал Чех.
Чех, најдобриот дел од кариерата го мина во Челси, чии гол го бранеше 11 сезони и освои 15 трофеи ( четири во Премиер лигата, четри во ФА купот, три во Лига купот, два во Суперкупот на Англија и по еден во Лигата на шампиони и Лига Европа).
Од 2015 година тој е играч на Арсенал. Даде голем придонес во освојувањето на трофеите во ФА купот (2016/2017) И Суперкупот на Англија (2015, 2017).
Оваа сезона не е стандарден бидејќи довербата на менаџерот Унаи Емери ја има Германецот Бернд Лено.