Легендарниот чешки голман Петр Чех летово ја заврши фудбалската кариера, а од неодамна тој решил да му се посвети на хокејот. Чех стана голман на Гилфорд Финикс.
Синоќа Чех успешно дебитирал на мразот во дресот на Глифорд. Во дуелот со Свиндон Вајлдкетс тој имал неколку доби интервенции, а успеал да го одбрани решавачкиот пенал, откако натпреварот завршил со резултат 2:2.
Покрај неговите голмански квалитети внимание привлекле деталите на неговата кацига. На кацигата биле нацртани грбовите на Челси и Арсенал. Чех 15 сезони бранеше во Лондон, 11 години за Челси и четири за Арсенал каде и ја заврши кариерата.
Petr Cech décisif pour son premier match de hockey sur glace
Pour son premier match avec le Guildford Phoenix, Petr Cech a offert la victoire à son équipe après avoir arrêté un penalty ??
Posted by L'EQUIPE on Недела, 13 октомври 2019