Top Sport

Чех: Се борам да останам во Арсенал

Голманот на Арсенал, Петр Чех вели дека оваа сезона брани за да ја продолжи кариерата во англискиот клуб, бидејќи се наоѓа во последната година од неговиот договор со премиерлигашот.

Чех не си поминува најдобро во последно време на „Емирати“ и тешко се навикнува на тактиката на новиот менаџер Унаи Емери со многу игра од својата половина. Арсенал го имаат ангажирано Германецот Бернд Лено како замена и Чех признава дека тоа создава дополнителен притисок.

„Сега сум во последната година од договорот и многу работи зависат од моите перформанси, од тоа како играм и дали ќе останам фит цела сезона. Потоа ќе видиме што ќе се случи. Кога носиш засилувања во тимот имаш желба да ја зголемиш конкурентноста и Бернд е тука, тренира секој ден и си ја бара својата шанса, како секој голман, вклучувајќи ме и мене. Морам да бидам во добра форма за менаџерот да ме избере и да останам помеѓу головите“, вели Чех за „Ивнинг стандард“.

Фото: ЕПА

Scroll to Top