Top Sport

Чех во аут најмалку месец дена, шанса за Бернд Лено

Бернд Лено, конечно, ќе добие шанса да застане на голот на Арсенал, откако Петр Чех ќе биде во аут најмалку месец дена по повредата на бутниот мускул добиена на мечот против Ватфорд.

Чехот мораше да биде заменет рано во второто полувреме од саботната 2:0 победа над Ватфорд, и Лено доби шанса да дебитира и да го импресионира тренерот Унаи Емери.

Арсенал, кој има седум победи во низа, имаат дуели од Лига Европа против Карабаг и Спортинг во октомври, како и дуели во Премиер лигата против Фулам, Лестер и Кристал палас.

Фото: ЕПА

Scroll to Top