Top Sport

Барса е првиот спортски клуб со годишен приход од над милијарда долари

Каталонскиот гигант Барселона се пофали дека станале првиот спортски клуб кој успеал да обезбеди годишен приход од над 1 милијарда долари.

При претставувањето на годишните финансиски извештаи, Барса има 1.05 милиони долари приход за фискалната 2017/18, рушејќи го сопствениот рекорд петта година во низа, а веќе осма година тимот има фантастичен профит.

Зголемувањето на парите доаѓа од ТВ-правата од Лигата на шампионите, но и од продажбата на Нејмар на Пари Сен-Жермен во август 2017 од рекордни 222 милиони евра.

Клубот исто така има рекорден буџер од 1.105 милијарди долари оваа сезона, но тој прво треба да биде одобрен од генералното собрание на 20 октомври. Барселона исто така има долг од 181.3 милиони долари.

Фото: ЕПА

Scroll to Top