Top Sport

Чехот Шик не запира, Баер броеше до 7 против Гројтер Фурт

Баер Леверкузен ја забележа најубедливата денешна победа во германската Бундеслига откако на свој терен со 7-1 славеше во дуелот со фенерџијата Гројтер Фурт. Најдобар поединец на мечот беше чешкиот репрезентативец, Патрик Шик.

Со неговите четири погодоци во второто полувреме „фармацевтите“ го понижија противникот кој по 14 кола има освоено само еден бод.

Инаку, Баер уште по првото полувреме ја реши работата со трите гола на Адли, Тапсода и Хинчапи.
Единствениот погодок на гостите беше дело на Дучиак.

На останатите мечеви од стандардниот саботен термин, Арминија Билефилд и Келн ремизираа 1-1.
Ефикасно беше и на дуелот Аугсбург против Бохум, таму славеа гостите со 3-2 иако на полувремето имаа убедливи 3-0.

Многу голови имаше и во Хофенхајм. Таму домашниот тим со 3-2 славеше против Ајнтрахт Франкфурт.

Домашна победа и за Мајнц против Волфсбург, 3-0.

Scroll to Top