Top Sport

Чекајќи го Меси, Саудијците го доведоа Карим Бензема!

Саудиска Арабија е ветена земја за најголемите светски фудбалски ѕвезди. Мразот го проби Кристијано Роналдо, сѐ уште размислува Лионел Меси за понудата на Ал-Хилал вредна 1,2 милијарди евра, но се чини дека многу побрзо од него одлучи Карим Бензема.

Французинот доби понуда од 400 милиони евра за двегодишен договор со Ал-Итихад, и одлучил да ја прифати, иако за тоа сѐ уште нема официјална понуда ниту од фудбалерот, ниту од Реал Мадрид. Но, многу извори кои први известија за трансферот на Роналдо во Ал-Наср и сега потврдуваат дека сѐ е договорено за доаѓањето на Карим Бензема.

И Македонија има свои претставници во најквалитетното друштво на Саудиска Арабија. Таму се Александар Трајковски во Ал-Фејха, Дарко Велковски во Ал Етифак, а и Езгјан Алиоски е на добар пат да се врати во Ал-Ахли.

Scroll to Top