Top Sport

„Чеканите“ гo примораа Јунајтед на нова „капитулација“ (видео)

На Манчестер јунајтед не им оди во новата сезона. Ова треба да биде сосема јасно на сите навивачи откако „ѓаволите“ доживеаја незгоден 2:0 пораз од Вест хем во шестото коло во Премиер лигата, втор пораз оваа сезона кој ги остава на осмото место на табелата со осум поени, дури 7 зад лидерите Ливерпул, кои имаат и меч помалку.

По неубедливата 1:0 победа над Астана во Лигата на шампионите, Оле Гунар Солскјер го постави својот најсилен тим во игра, но ниту тоа не беше доволно за победа.

Андриј Јармоленко во 44. минута успеа да ја искористи катастрофалната реакција на одбраната на тимот, предводена од Хери Мегвајр за да донесе водство за „чеканите“, пред во 84. минута, Арон Кресвел со прекрасен гол од слободен удар да ги постави конечните 2:0.

Во вториот неделен дуел пред дербито Челси-Ливерпул, Кристал Палас прими гол во 95. минута од мечот од Вулверхемптон за 1:1 реми.

ПРЕМИЕР ЛИГА, 6.КОЛО

Вест хем – Манчестер јунајтед 2:0

Кристал палас – Вулверхемптон 1:1

Scroll to Top