Вест Хем ги искористи лошите односи што владеат во редовите на Манчестер јунајтед и со победата 3:1 само ја продлабочи кризата кај „црвените ѓаволи“.
Вест Хем го скрши Манчестер јунајтед уште во првото полувреме кое го заврши со предност од 2:0.
Веќе во петтата минута Бразилецот Фелипе Андерсон го совлада Де Хеа. Асистент за голот беше Пабло Забалета.
Пет минути пред крајот на полувремето по ударот на Андреј Јармоленко, топката удри во Виктор Линделоф и заврши зад грбот на Де Хеа.
Трошка надеж за Јунјетед беше голот на Маркус Рашфорд на 20 минути до крајот на натпреварот.
Меѓутоа само три минути Марко Арнаутовиќ ги постави конечните 3:1.
Вест Хем ја забележа втората победа во сезоната, а Јунејтед го доживеа третиот пораз во последните седум натпревари. Ова е најлошиот старт во Премиер лигата на „црвените ѓаволи“ уште од сезоната 1989/1990. Ист број на бодови по седум кола Јунајтед имал и во сезоната 2013/2014 но сега има полоша гол-разлика.