Top Sport

Ботас на пол-позицијата во Сочи

Возачот на Мерцедес, Валтери Ботас, ја освои пол-позицијата во пресрет на утрената трка за Големата награда во Сочи. Нзјбрзиот круг што на Финецот му ја донесе пол-позицијата изнесуваше 1:31.387 минути.

Добрите квалификации што ги имаше Мерцедес само ги потврди Луис Хамилтон. Лидерот во генералниот пласман ќе стартува од втората позиција. Тој зад Ботас задоцни за 145 илјадити делови од секундата.

Вториот стартен ред го обезбедија пилотите на Ферари. Трет ќе стартува Себастијан Фетел, а веднаш до него е Кими Раиконен.

Одлилни резултати во квалификациската сесија постигнаа возачите на Хас, Кевин Магнусен и Форс Индија, Естебан Окон. Овие двајца ќе стартуваат од третиот ред.

Трката во Сочи Хамилтон ќе ја стартува со 40 бода предност во однос на Фетел. Трката се вози в недела од 13:10 часот.

Scroll to Top