Top Sport

Чекаше и дочека, Мурињо „удри“ по Сколс

Жозе Мурињо, додека чека нов ангажман, работи како стручен коментатор. Португалецот кон крајот на минатат година доби отказ во Манчестер Јунајтед.

Додека Мурињо ги предводеше „црвените ѓаволи“, еден од неговите најжестоки критичари беше поранешниот играч, Пол Сколс.

По отказот што го доби Мурињо во Јунајтед, Сколс ја прифати понудата да биде тренер на Олдам Атлетик. Соработката помеѓу клубот и Сколс заврши по само еден месец.

„Пол Сколс ме критикуваше кога бев менаџер на еден од најголемите клубови во светот. А тој беше тренер на Олдам само 31 ден. Подобро му е да се врати во студиото“, рекол Мурињо.

Scroll to Top