Top Sport

Куртоа ги пакува куферите?

Тибо Курота, како големо засилување пристигна во Реал од Челси на почетокот на сезоната, а како сега стојат работите тој веројатно ќе си бара нов клуб.

Зинедин Зидан, во првиот меч по враќањето во Реал, на голот го постави Кејлор Навас, голманот кој беше еден од клучните играчи во тимот, во походот на трите последовни трофеи во Лигата на шампионите.

Зидан и по мечот кажа дека Навас ќе биде на голот „поради се што направил за клубот в изминатите сезони“.

„Марка“, пишува дека Зидан побарал да биде донесен нов голман, но на претседателот Флорентино Перез му порачал дека тоа мора да биде Давид Де Хеа од Манчестер Јунајтед.

Францускиот тренер знае дека во случајот Де Хеа да пристигне на „Сантијаго Бернабеу“, многу поевтино за клубот ќе биде Навас да му биде резерва, а на Куртоа.

Де Хеа се уште не го продолжил договорот со Манчестер Јунајтед. Во клубот не кријат дека сакаат да го задржат и дека ја искористиле опцијата во договорот дека по завршувањето на сезоната, автоматски можатд а го продолжат договорот за уште една сезона.

Scroll to Top