Top Sport

Челичното момче Педри

Педри, 18-годишниот фудбалер на Барселона, минатата сезона доживеа целосна афирмација. Тој вчера се врати во Барселона и одбил да замине на годишен одмор.

Никој во фудбалскиот свет, сезонава, не одиграл повеќе натпревари од Педри. За Барселона настапи на 52 натпревари, а уште 21 одигра за репрезентацијата на ЕУРО 2020 и олимписката селекција, со која го освои сребрениот медал во Токио.

Педри со 73 натпревари ја предводи листата на челичните фудбалери на која уште се Бруно Фернандеш (72), Мејсон Маунт (69) и Антоан Гризман (68).

Тренерот на Барселона, Роналд Куман, му дал една недела одмор, меѓутоа Педри сакал на свој начин да му се заблагодари на клубот. Ќе одмори само два дена и во четврток ќе се појави на утринскиот тренинг.

Барселона се противеше на настапот на Педри на Олимписките игри, но тој инсистирал дс игра во Токио. Со тоа што нема да користи одмор тој сака да му се заблагодари на клубот.

Scroll to Top