Top Sport

Флоренци пред потпис со Милан

Алесандро Флоренци е пред потпис со Милан, откако Рома се согласила да го даде на позајмица со обврска за купување, тврдат италијанските медиуми.

За Флоренци подолго време нема место во Рома, откако беше на позајмица во Валенсија и Пари Сен-Жермен и италијанскиот репрезентативец се надеваше дека со доаѓањето на Жозе Мурињо, конечно, ќе добие шанса.

Според „Скај спорт Италија“, 30-годишниот Флоренци е подготвен да се докаже во Милан, и дека договорот е пред реализација. Милан се надеваа дека ќе ги добијат Диого Далот од Манчестер јунајтед или Алваро Одриозола од Реал Мадрид, но тоа се прескапи опции.

Scroll to Top