Top Sport

Челино му одржа лекција на Балотели

Марио Балотели ќе ја напушти Бреша по завршувањето на сезоната. Балотели во клубот пристигна минатото лето. Контроверзниот напаѓач повторно без посебна причина успеа да направи проблем, минатата недела самоволно го прекинал тренингот и ги оставил соиграчите. Овој негов потег го налутил сопственикот Масимо Челино.

Првиот човек на Бреша рекол дека направил грешка што потпишал договор со напаѓачот бидејќи „иако има 29 години тој се однесува незрело“.

Челино му се реванширал на Балотели за она што го направил на тренингот. Му закажал состанок за да разговараат за новиот договор, го оставил да чека половина час, а потоа еден од луѓето од неговиот персонал го известил Балотели дека Челино го откажал состанокот.

Со овој свој гест Челино сакал да му покаже дека за него повеќе нема место во Бреша.

Марио Балотели со Бреша има договор до јуни 2022 година.

Scroll to Top