Top Sport

Сакате да го позајмите Кутињо? Платите 10 милиони евра

Барселона повторно ќе го испрати на позајмица Фелипе Кутињо тврди „Мундо Депортиво“. Потенцијални дестнации за Бразилецот се неколку екипи од Премиерлигата. Наводно најзаинтересирани биле од Арсенал, а конкуренти им биле Манчестер сити и Челси.

Барселона во јануари 2018 година за Кутињо на Ливерпул им плати 145 милиони евра. Бразилецот не ги исполни очекувањата, не успеа да се снајде на „Ноу Камп“, поради што оваа сезоната игра како позајмен во Баерн Минхен.

Баварците веќе ги информирале колегите од Барселона дека нема да го откупат договорот на Бразилецот и дека ќе го вратат назад по завршувањето на сезоната.

Поради лошата форма Барселона не може да го продаде Кутињо или поточно никој не сака да издвои 80 милиони евра колку што бараат Каталонците.

Поради тоа Барселона ги одреди условите под кои Кутињо може да биде позајмен. Клубот што сака да го добие Кутињо ќе мора на Барселона да и плати 10 милиони евра и да ја преземе неговата годишна плата. Во тој случај клубот што ќе ги прифати овие услови ќе добие можност по завршувањето на сезоната 2020/2021 да откупи договорот на Кутињо за 70 милиони евра.

Scroll to Top