Претседателот на Бреша, Масимо Челино потврди дека Сандро Тонали имал договор со Интер, но дека не сакал да размислува за било кој друг клуб, одбивајќи ги Барселона и Манчестер јунајтед кога дознал дека Милан се заинтересирани за него.
20-годишниот талент, кого многумина го нарекуваат „новиот Пирло“, пораснал како навивач на „росонерите“ и веднаш ја прифатил понудата да се приклучи на клубот.
„Знаев дека директорот на Интер, Бепе Марота многу го сакаше Тонали и дека и Антонио Конте се согласи, така што мислам дека агентот веќе договори со клубот. Кога времето помина и пред новата сезона, кога Милан покажаа вистински интерес, тој веќе не сакаше да слуша за други опции. Јас имам историски добри односи со Милан и бргу се договоривме со Паоло Малдини. Имавме понуди и од Барселона и Манчестер јунајтед, но момчето е заљубено во Милан и полуде кога ја чу понудата“, вели Челино.