Top Sport

Спектакл во седмиот меч – Хјустон ја победија Оклахома

Кошаркарите на Хјустон Рокетс по голема драма ја добија мајсторката против Оклахома сити Тандер 104:102 и се пласираа во полу-финалето во Западната конференција.

Натпреварот во Орландо беше еден од најквалитетните во годинешниот плејоф, а го решија Ковингтон и Вестбрук во последните секунди. Ниту еден тим не успеа да стекне двоцифрена предност, Оклахома по првата четвртина имаше поен предност, на полувреме Хјустон водеше 61:59, а по завршувањето на третата четвртина резултатот беше 85:80 за Хјустон.

Гордон и Ковингтон постигнаа по 21 поен за Хјустон, еден повеќе од Вестбрук. На спротивната страна Крис Пол против својот поранешен тим забележа трипл-дабл од 19 поени, 11 скока к 12 асистенции. Најефикасен кај Оклахома беше Дорт со рекордни во кариерата 30 поени.

Хјустон во наредната рунда ќе играат против Лос Анџелес Лејкерс.

Scroll to Top