Фудбалерите на Динамо Загреб со порази ги започнаа натпреварите во Лига Европа. Во Х-групата, Вест Хем го победија Динамо во Загреб со 2:0. „Чеканите“ славеа со головите на Мајкл Антонио и Деклан Рајс.
Играчите на Динамо кикснаа на теренот, а луѓето од клубот во организацијата, тие не знаат во кое европскиот натпреварување игра клубот.
На знаменцето кое капитенот Аријан Адеми го размени со колегата Рајс, пишува дека Динамо и Вест Хем се среќаваат во Лигата на шампионите.
Од клубот се огласија по мечот, објавија дека станува збор за техничка грешка.