Top Sport

Челниците на ПСЖ во полувремето влегле во соблекувалната на главниот судија

ПСЖ стекна минимална предност над Реал, по првиот осмина-финален натпревар во Лигата на шампионите. Мечот го реши Килијан Мбапе во 94.минута.

На теренот се беше чисто, натпреварот мина во целосна доминација на фудбалерите на ПСЖ, инцидент имало на полувремето во соблекувалната на судиите. Ова го тврди „Марка“, медиум наклонет кон Реал.

Новинарот, Михел Анхел Торибио, објави дека челниците на ПСЖ, влегле во соблекувалната и му се заканувале на главниот судија, Даниеле Орсато.

„Ал Келаифи и Леонардо, во полувремето се спуштија долу, влегоа во соблекувалната за да го притиснат Орсато поради судењето во првото полувреме. На овие притисоци сведоци беа и луѓе од УЕФА“, тврди Торибио.

Забелешки на судењето по натпреварот имаше Карло Анчелоти, тренерот на Реал.

„Имавме двајца играчи кои беа соочени со суспензија и двајцата „паднаа“. Искрено, нивните картони ми делуваа како да се подарок за ривалот. Тоа му го кажав на судијата. Одиме понатаму. Ќе ги замениме оние кои нема да играат во реваншот“, рекол Анчелоти.

Доколку ова е вистина, сигурно е дека УЕФА ќе покрене истрага.

Реваншот во Мадрид, на програмата е на 9.март.

Scroll to Top