Top Sport

Стерлинг: Дајте им шанса на црномурните тренери, Лампард и Џерард се белци затоа добија шанса

Рахим Стерлинг, смета дека напредок во борбата против расизмот ќе биде забележан дури кога повеќе црномурни играчи ќе станат тренери.

Изјавата на фудбалерот на Манчестер сити доаѓа во моментот кога во голем број градови во САД и во Европа се одржуваат протести против расизмот поради убиството на Џорџ Флојд на 25 мај во Минеаполис.

Стерлинг рекол дека во британскиот фудбал, меѓу тренерите и администрацијата, мора да има повеќе црномурни луѓе, односно членови на помалите етнички групи (БАМЕ).

Тој за пример земал четворица поранешни англиски репрезентативци кои сега работата како тренери: Френк Лампард, Стивен Џерард, Ешли Кол и Сол Кембел.

Лампард е тренер во Челси, Џерард во Глазгов Ренџерс, Кембел по завршувањето на кариерата имал два ангажмани но во понискиот ранг, во Макалсфилд и Саутенд, додека Кол е тренер на У-15 тимот на Челси.

„Сите имале сјајни кариери, сите играле за Англија. Во исто време добиле тренерски лиценци, добиле можност да работат на највисоко ниво. На двајца од нив кои се црномурни не им е пружена шанса да работат на највиско ниво“, рекол Стерлинг за Би-би-си.

Тој смета дека промени можат да се случат со разговори во Парламентот, клупските управи…Смета дека еднакви шанси треба да добијат сите не само црномурните тренери, туку и тренерите од останатите националности.

Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) во 2018 година донесе акциски план за рамноправност. Според овој план пет отсто од водечките функции и 13 отсто од тренерите на репрезентациите треба да бидат стручњаци од БАМЕ групите.

Според овој план бројките би требало да се променат на 11 отсто и на 20 отсто од 2021 година.

Scroll to Top