Top Sport

Челниците на Сити разговарале со менаџерот на Мбапе

Реал Мадрид не е единствената опција на Килијан Мбапе следното лето. Како што пренесуваат дел од медиумите од Шпанија, во трката најверојатно се вклучил и шампионот на Европа и светот, Манчестер сити.

Мбапе во вторникот го известил првиот човек на Пари Сен Жермен, Насер Ал-Келаифи дека по завршувањето на сезоната ќе го напушти клубот.

Реал Мадрид е фаворит да за неговиот потпис, но се чини дека Сити се обидува да им го расипе договорот на Шпанците.

Кадена СЕР објави дека еден од менаџерите на Мбапе се сретнал со челниците на Манчестер сити, ден пред напаѓачот да го извести Ал-Келаифи за неговата желба да го напушти клубот.

Мбапе има тројца менаџери и сите тие во моментов работат да му обезбедат што е можно подобар договор.

Реал со години се обидува да го ангажира францускиот репрезентативец и се чини дека ова е најдобрата можност конечно да го оствари трансферот.

Scroll to Top