Top Sport

Челси без милост за петтолигашот Честерфилд

Со Ромелу Лукаку како стартер, Челси стигна до рутинска 5:1 победа над петтолигашот Честерфилд на „Стемфорд Бриџ“ за пласман во 1/16 финалето на ФА купот.

Работата беше завршена уште во првото полувреме – Тимо Вернер стрелаше во 6. минута, Калам Хадсон-Одои зголеми на 2:0 во 18. минута, за само две минути подоцна и Лукаку да се запише во листата на стрелците. Андреас Кристенсен во 39. минута зголеми на 4:0, пред Хаким Зијеш од пенал во 55. минута да ја комплетира „петардата“. Утешителен гол за Честерфилд, кои имаа голем број на фанови на „Стемфорд Бриџ“ го постигна Акваси Асанте во 80. минута

ФА КУП, 1/32 ФИНАЛЕ

Челси – Честерфилд 5:1

Scroll to Top