Top Sport

Дилијан Вајт го „здроби“ Паркер, Чисора со нокаут над Такам (видео)

Британецот Дилијан Вајт го прати на подот првпат во кариерата Новозеланѓанецот Џозеф Паркер во „О2 арената“ во Лондон за да се промовира во уште еден кандидат за титулите во тешка категорија по 113:112, 115:110, 114:11 победа.

Вајт (24-1, 17 КО) мораше да ја преживее тешката 12-та рунда, во која тој се најде на подот, но на крајот остана на нозе како победник и уште еден кандидат за титулите во тешка категорија. Од друга страна, Паркер, кој претходно загуби од шампионот Ентони Џошуа, се наоѓа во тешка позиција во кариерата.

„Тој беше опасен и знаев дека ќе морам да внимавам во последните рунди. Затоа ми е жал што не успеав во последната рунда. Но, сега сум подготвен повторно за Џошуа“, изјави Вајт.

Вајт загуби од Џошуа со нокаут во седмата рунда во декември 2015 година, негов единствен професионален пораз. 28-годишниот Џошуа (21-0, 20 КО), ќе ги брани своите ВБА, ИБФ и ВБО титули против Русинот Александер Поветкин на 22 септември на „Вембли“, а следен меч му е на 13 април, исто така на „Вембли“, кога во рингот би требало да влезе Американецот Дионтеј Вајлдер, но Вајт е „планот Б“.

„Секако, би сакал Џошуа да е следниот. Имам уште за учење, така што би сакал уште еден меч пред него“, вели 30-годишниот Вајт, кој го победи Џошуа како аматер на почетокот на кариерата, но загуби со спектакуларен нокаут пред три години.

Како пред-меч на овој дуел, Дерек Чисора го нокаутираше Карлос Такам во уште една пресметка во тешка категорија. Такам во октомври успеа да го намачи Џошуа пред да загуби во 10 рунди, а Чисора ја заврши работата побргу, со фантастичен нокаут во осмата рунда.

Scroll to Top