Top Sport

Челси бил само „четврти“ избор за Лукаку ова лето!

Вториот дел од бомбастичното интервју на Ромелу Лукаку за „Скај спортс“ долева масло на оган на ситуацијата во Челси, откако Белгиецот признава дека сакал да заврши во „врвните три клуба на светот“ Барселона, Реал Мадрид и Баерн Минхен, пред да се врати на „Стемфорд Бриџ“.

Првиот дел од интервјуто за италијанскиот „Скај“ во четвртокот предизвика вистинска бура, откако тој откри дека „не е среќен“ со ситуацијата во Челси, ниту со тактиката на менаџерот Томас Тухел и потврди дека би сакал во иднина да се врати во Интер и покрај рекордните 97.5 милиони фунти кои ги платија „Челси“ и петгодишниот договор со кој заработува 212.000 фунти неделно.

28-годишниот поранешен напаѓач на Евертон и Манчестер јунајтед, во интервјуто вели дека постојат само три „врвни клуба за кои сите сакаат да играат“, Барса, Реал и Баерн.

„Минатото лето отидов кај бордот на Интер и побарав нов договор. Им кажав:’Имам 28 години и планирам да живеам во Италија’. Но, Интер ми кажаа не. Можеби немаше економски можности и тоа беше тешко да се прифати. Има три клуба на врвно ниво – Барселона, Реал и Баерн. Сите фудбалери сонуваат да играат за нив, тоа е вистина и мислев дека ќе одам таму по Интер. Тоа не се случи и си кажав – има само еден друг клуб каде што можам да се замислам – Челси. Не размислував за тоа додека не дојдоа со понуда и тоа беше предизвик. Ме мачеше што во осум години не освоив титула од Премиерлигата“, вели Лукаку.

Тухел денеска изјави дека ќе разговара за интервјуто со Лукаку и дека носи „непотребна бучава“ пред големото дерби со Ливерпул.

Scroll to Top