Top Sport

Челси бргу ги „реши“ Кристал палас (видео)

Челси стигна до удобна 2:1 победа над Кристал палас, иако резултатот можеби не го покажува тоа. Во дербито на Лондон, „сините“ во првото полувреме доминираа за да направат предност од 2:0, а Кристал палас борбата за поени за опстанок ќе ја бара против други тимови.

Вилијан ја продолжи одличната низа натпревари со гол во 25. минута, за само седум минути подоцна Кели да си постигне смешен автогол за веќе да биде сигурен носителот на три поени од мечот.

Во финишот на натпреварот, Кристал палас стигна до гол, откако Ван Анхолт постигна гол во судиското продолжение. Челси има 56 поени за да се доближи на два поени од Тотенхем на четвртото место (последно кое носи во Лигата на шампионите), додека Кристал палас има четири порази во низа и останува во опасната зона.

Фото: ЕПА

Scroll to Top