Top Sport

Голманот Летица донесе победа за Хајдук во 95. минута (видео)

Хајдук во 95. минута од мечот ја совлада Истра на „Пољуд“  со 3:2 благодарение на голот од голманот Карло Летица, кој токму денеска беше на насловните страници на шпанскиот весник „Марка“ како главна цел на Реал Мадрид.

Откако Динамо Загреб загуби од Локомотива со 1:4, Хајдук доби совршена шанса да го намали водството на загрепчани на табелата, и сѐ започна како што треба откако Адам Ѓурско во 15. минута донесе водство за сплиќани. Војновиќ израмни на 1:1, пред Матеи во 53. минута да направи пресврт.

Хајдук израмни во 71. минута преку Саид, за потоа на сцена да стапи Летица за неверојатен финиш во Сплит.

Реал тргнува по младиот Хрват? (видео)

Scroll to Top