Top Sport

Совршена шега: Мурињо потпиша дрес со Антонио Конте на грбот

Италијанската ТВ му направи совршена шега на менаџерот на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо давајќи му да потпише дрес на Манчестер јунајтед со името на менаџерот на Челси, Антонио Конте на грбот.

Двајцата менаџери влегоа во остра дискусија последниот месец, во која „фрчеа“ обвинувања – прво откако Мурињо изјави дека некои менаџери во Премиер лигата се однесуваат како кловнови, потоа со кам-бекот на Конте дека Мурињо станал сенилен, за на крај Португалецот да заврши со суровата изјава „барем мене не ме суспендираа за местење мечеви“.

Пред „Лаури хотелот“ каде што Мурињо живее во Манчестер, новинарите на италијанската ТВ побараа тој да потпише дрес, по што се откри дека позади е името на Конте. Мурињо очигледно добро ја прифати шегата.

Scroll to Top