Челси успеа да отвори предност од три поени на врвот на табелата во Премиерлигата по победата од 0:3 кај Њукасл, откако Ливерпул одигра само 2:2 со Брајтон, додека Манчестер сити беа шокирани од Кристал палас дома губејќи со 0:2.
Рис Џејмс постигна два гола за Челси во 65. и 77. минута, Жоржињо доаде уште еден од пенал во 79.минута на „Сент Џејмс парк“ за осма победа во 10 кола за „сините“ на Томас Тухел, а посебно импресивен беше првиот гол на Рис со кој ја „скршија“ одбраната на Њукасл, кои остануваат без победа во сезоната и се на претпоследното место на табелата.
Ливерпул по магичната 0:5 победа кај лутите ривали Манчестер јунајтед, се „спуштија“ на земја со тешко 2:2 реми против одличните Брајтон. Хендерсон уште во 4. минута од мечот постигна убав гол по асистенција на Мо Салах, за во 24. минута Садио Мане да зголеми на 2:0 и најави нова голема победа на „црвените“. Меѓутоа, Брајтон не се предаде – во 41. минута Енок Мвепу го постигна својот прв премиерлигашки гол во вистински стил, за во 65. минута Леандро Тросар да ја искористи лошата реакција на одбраната за 2:2.
Најдраматично беше на „Етихад“, каде што Пеп Гвардиола и Сити заглавија со 0:2 поразот од Кристал палас. Вилфрид Заха, несомнено, беше човекот на мечот – прво им ја уништи одбраната во шестата минута од мечот за убав гол, за во 45. минута да успее да издејствува црвен картон за Ајмерик Лапорт кој го сопре пред празниот гол на Сити. Во 88. минута, Заха повторно беше клучниот играч на Палас, асистирајќи му на Конор Галагер за 0:2 победа.
Челси сега има 25 поени на врвот на табелата, Ливерпул се на 22, додека Сити имаат 21 поен пред Вест хем и Арсенал со 17 поени.
ПРЕМИЕРЛИГА, 10.КОЛО
Ливерпул – Брајтон 2:2
Манчестер сити – Кристал палас 0:2
Њукасл – Челси 0:2
Барнли – Брентфорд 3:1
Вотфорд – Саутемптон 0:1