Челси го комплетираа трансферот на централниот бек на Лестер, Весли Фофана во договор тежок над 70 милиони фунти, со што се стави крај на трансфер-сагата и сумата која новите американски газди на клубот, предводени од Тод Бели ја потрошија на засилувања се крена на фантастични 285 милиони фунти.
Фофана потпиша седумгодишен договор со Челси по комплетирањето на медицинските тестови во Њујорк, за Томас Тухел да го добие потребното засилување во одбраната по неубедливиот старт на сезоната.
„Последните два дена беа навистина големи за мене и сега сум многу среќен. Тренирав утрово со тимот и тоа е остварување на сонот за мене. Едвај чекам да почнеме, а тука сум за да освојуваме титули – Лигата на шампионите, Премиерлигата, ФА купот, сите можни трофеи. Овој тим е изграден за големи работи“, изјави Фофана.
21-годишниот Фофана е шестото засилување на Тухел ова лето по голманот Габриел Слонина, Карни Чуквуемека, Калиду Кулибали и Марк Кукуреља.
Welcome, Wesley! ?#FofanaIsChelsea
— Chelsea FC (@ChelseaFC) August 31, 2022