Top Sport

Челси го отпушти комерцијалниот директор поради „непристојни“ пораки

Челси го отпушти својот комерцијален директор, Демијан Вилоуби, еден месец откако го ангажираше поради „непристојни пораки“ кои ги праќал на фудбалски агент пред да биде ангажиран од клубот.

Американскиот конзорциум предводен од бизнисменот Тод Бели го купи Челси за 4.25 милијарди долари во мај 2022, по што дојде до целосна смена на управата на клубот, а Вилоуби се врати во клубот каде што работеше од 2007 до 2010, но сега добива отказ по само еден месец, по скандалот кој го откри весникот „Дејли Телеграф“.

„По доказите за непристојни пораки од господинот Вилоуби, праќани пред неговото вработување во Челси, клубот нема да толерира такво однесување под новите сопственици“, велат од Челси.

Scroll to Top