Top Sport

Мејведер и Мекгрегор на римеч следната година

Флојд Мејведер Јуниор и Конор Мекгрегор ќе имаат римеч од славниот (и богат) меч од август 2017 година, и останува да се види дали ќе се работи за професионален боксерски меч или за егзибиција, потврди Мејведер.

dobivaj vesti na viber

Пред пет години Мејведер во контроверзен меч во Лас Вегас, негов последен како професионален боксер, му даде лекција на УФЦ херојот Мекгрегор, победувајќи со технички нокаут по 10 рунди и сега за „Дејли мејл“ открива дека го финализира договорот со Ирецот за нов меч.

„Сакам овој викенд да излезам и да се забавувам, потоа имам уште една егзибиција во убаи во ноември, па Конор Мекгрегор во 2023. Не знам дали ќе биде егзибициски меч или вистински меч, но јас би преферирал егзибиција. Против момци како Конор Мекгрегор, УФЦ момците или јутјуберите не сум под ризик за да се повредам“, вели Мејведер.

Мечот со Мекгрегор беше последен професионален во совршената 50-0 кариера на Мејведеер, а исто така заработи фантастични 280 милиони долари само од тие 10 рунди (Мекгрегор доби 130 милиони долари за својот прв и единствен боксерски меч).

Мејведер овој викенд во Саитама, Јапонија, ќе има егзибициски меч против ММА фајтерот Микуру Асакура.

Link with us
Game bài đổi thưởng
Scroll to Top