Top Sport

Челси го подготвува најголемиот трансфер во историјата на Премиер лигата

Сагата околу трансферот на Енцо Фернандез од Бенфика во Челзи не е завршена. Португалските медиуми тврдат дека Челси повторно ќе преговара околу трансферот.

Челзи веќе потроши над 300.000.000 евра за нови играчи во овој преоден рок, но не планира да застане тука.

Португалскиот „Рекорд“ пренесува дека Челзи сега биле подготвени да ја активираат откупната клаузула која изнесува 125.000.000 евра.

Доколку клубовите се договорат тоа ќе биде најголемиот трансфер во историјата на Премиер лигата. Рекордот, засега, го држи Џек Грилиш, кој од Астон Вила се пресели во Манчестер Сити за 117.500.000 евра.

Scroll to Top