Калам Хадсон-Одои, долго време славен како најдобриот играч произлезен од академијата на Челси, е продаден на премиерлигашките ривали Нотингем форест за само 5 милиони фунти.
За 22-годишниот Хадсон-Одои во 2019 година, Баерн Минхен даваа 70 милиони фунти, но „сините“ решија да го задржат во тимот сметајќи го како еден од најдобрите играчи од нивната академија. Ова лето, Фулам нудеа 4 милиони фунти за него, за на крај Нотингем да го купат за 3 милиони фунти и 2 милиони фунти во бонуси.
Во 2018/19 година, тој беше еден од најдобрите играчи на Челси, но тогаш ја скина ахиловата петица, повреда која го мачи оттогаш.
It's CHO-time ⚡️#WelcomeCallum 🏴 pic.twitter.com/SmSkvnVWgR
— Nottingham Forest (@NFFC) September 1, 2023