Челси се подготвени да го купат Ајван Тоуни од Брентфорд за засилување на нападот пред крајот на преодниот рок, иако англискиот напаѓач е суспендиран до јануари поради нелегално обложување.
Тоуни доби суспензија од осум месеци откако ги призна 232 обвиненија за нелегално обложување во мај, но тоа не го намалува неговиот квалитет како напаѓач и интересот на повеќе клубови. Маурисио Почетино бара решение на позицијата деветка, но Брентфорд ќе бара над 80 милиони фунти за нивната ѕвезда, тврди „Индепендент“.
Суспензијата на 27-годишниот напаѓач завршува на 17 јануари 2024 година.