Top Sport

Несторовски пред потпис со Асколи

Македонскиот напаѓач Илија Несторовски е пред слободен трансфер во италијанскиот второлигаш Асколи, каде што веќе ги поминал медицинските тестови, јавува специјалистот за италијанскиот фудбалски пазар, Џанлука ди Марцио.

Поранешниот напаѓач на Удинезе повторно се враќа во Серија Б, каде што играше за Палермо од 2017 до 2019, постигнувајќи 27 гола.

Несторовски би се судрил со својот поранешен клуб многу бргу – веќе во петтото коло на 16 септември.

Scroll to Top