Top Sport

Челси го убедиле Тијаго Силва да остане уште една сезона

Иако во септември ќе наполни 39 години, Челси се сигурни дека ќе успеат да го убедат Тијаго Силва да потпише едногодишно продолжување на договорот, враќајќи му за добрите игри и консолидацијата на одбраната на тимот, тврди „ЕСПН“.

Според нивните извори, од Бразилецот доаѓа подготвеност за да остане на „Стемфорд Бриџ“, каде е што пристигна во 2020 како слободен играч од Пари Сен-Жермен, кои одбија да му дадат нов договор. Иако Челси во последно време се фокусира на носење на помлади фудбалри, во клубот сметаат дека искуството на Силва е драгоцено за менаџерот Греем Потер.

„Ќе зборуваме, најверојатно во следните неколку дена. Моите намери се јасни, да останаме заедно. Знам дека сум потребен на клубот и тука сум да помогнам“, изјави Силва минатата недела.

Тој има 106 настапи за Челси, пет гола и со нив ја освои титулата од Лигата на шампионите во 2021.

Scroll to Top