Top Sport

Сити ќе најмат адвокат кој чини 10.000 фунти по час!

Манчестер сити ќе ги осигураат услугите на адвокатот Лорд Пеник, кој ќе се обиде да ги извлече од обвиненијата на Премиерлигата за финансиски малверзации, тврди специјализираниот магазин „The Laywer“ (адвокат), додавајќи дека тој наплатува фантастични 10.000 фунти по час.

Премиерлигата го обвинува Сити за над 100 прекршоци со финансиите по четиригодишна истрага, и за тоа можат да бидат казнети со поени, исфрлање од лига, но и одземање на титулите во периодот од 10 години (2011-2021). Сослушувањето ќе се случува пред независно формирана комисија, за која уште нема краен рок, а сите работи ќе бидат доверливи, односно нема да има пикантни детали од прекршоците.

Scroll to Top