Top Sport

Челси и Баерн го сакаат голманот на Арсенал, Арон Ремсдејл

Челси, но и Баерн Минхен ја следат ситуацијата со голманот на Арсенал, Арон Ремсдејл, подготвувајќи понуди за англискиот голман кој неочекувано се најде на немилост на „Емирати“.

Менаџерот на „топчиите“, Микел Артета изненадувачки инсистираше на позајмица на голманот на Брентфорд, Давид Раја ова лето, и Ремсдејл остана на клупата за последниот меч од Премиерлигата против Евертон. Спорд „Дејли мејл“, Челси и Баерн ја следат ситуцијата на голманот и подготвуваат понуди за во јануарскиот преоден рок.

Челси ова лето ги донесоа Роберт Санчез и Ѓорѓе Петровиќ, но секогаш се на пазарот за интересни играчи, а во Баерн пак подолго време бараат долгорочна замена за ветеранот Мануел Ноер.

Scroll to Top