Top Sport

Партизан не ја прокоцка предноста и влезе во финалето на Суперкупот на АБА

Партизан со 91:84 ја победи Игокеа за да се пласира во финалето на Суперкупот на АБА-лигата, откако доминираше во првото полувреме, а потоа за малку ќе ја прокоцкаше предноста од 20 поени.

Во првото полувреме, тимот на Жељко Обрадовиќ направи предност од 51:31, пред Игокеа да се стабилизира и во последната четвртна со серија 10-0 да ја намалат предноста на ривалите на само 10 поен (80:70). Сепак, потоа „црно-белите“ не дозволија изненадување и дојдоа до победа.

Смаилагиќ со 15 и Пантер со 13 поени беа лидери за Партизан, додека за Игокеа Јеремиќ беше најефикасен со 20 постигнати поени.

Во второто полуфинале вечерва играат двата клуба од Подгорица, Студентски Центар и Будуќност.

Scroll to Top