Top Sport

Челси и Лестер пред договор – Фофана ќе стана најскапиот дефанзивец на светот

Челси и Лестер постигнале првичен договор за трансферот на Весли Фофана, со што 21-годишниот Французин ќе стане најскапиот дефанзивен играч во историјата, со вредност на договорот од над 80 милиони фунти кои Манчестер јунајтед ги платија (исто такаа на Лестер) за Хери Мегваер во 2019 година, тврди францускиот „РМЦ“.

Ова ќе биде четврта понуда на Челси за Фофана, откако Лестер ги одбија сите претходни понуди, а менаџерот Брендан Роџерс го изостави од првиот тим, праќајќи го на тренинзи со У-21 тимот на „лисиците“. Роџерс го критикуваше одднесувањето на Фофана и одбивањето да тренира.

Челси не сопираат тука – се верува дека се пред договор со рускиот талент, 19-годишниот Арсен Захарјан од Динамо Москва, за кој ќе платат 12.6 милиони фунти, а остануваат во игра за потписите на Пјер-Емерик Обамејанг од Барселона и Ентони Гордон од Евертон.

Scroll to Top