Трае лицитацијата за потписот на Давид Алаба. Австриецот, на крајот од сезоната ќе биде слободен играч. Реши да замине од Баерн, откако клубот не сакаше да ги исполни неговите мегаломански барања.
Минатиот месец, шпанските медиуми, пишуваа дека Алаба постигнал договор со Реал Мадрид. Неговиот татко демантираше дека постои договор со Реал. Во трката по потписот на фудбалерот кој може да покрие неколку позиции во тимот се вклучува и Челси.
Новиот тренер на „сините“, Томас Тухел, смета дека дефанзивците во неговиот тим не се доволно добри. Јасно е дека по завршувањето на сезоната од клубот ќе замине ветеранот Тијаго Силва.
Алаба е прв на листата на желби на Тухел, а доколку Челси не успее со овој трансфер тогаш ќе се обиде со Дајот Упаменкано од Лајпциг и Николас Зуле од Баерн Минхен.