Белгискиот фудбалер, Еден Азар (28) ќе стане третото засилување за новата сезона во Реал Мадрид откако претходно Кралевите потпишаа со Едер Милито и Лука Јовиќ. Челси и Реал Мадрид се договорија за понудата од 100 милиони евра.
Азар го напушта „Стемфорд Бриџ“ по 7 сезони. Со Челси двапати ја освои Лига Европа, двапати Премиерлигата, а освои и еден ФА куп.
„Гардијан“ пишува дека двата клуба конечно се договориле за 100 милиони евра иако договорот на Белгиецот со „сините“ од Лондон истекува идната година.
Азар многупати досега изјави дека не постои можност да заигра за друг англиски клуб, а рече и дека отсекогаш му била желба да игра за Реал Мадрид.
Се чини дека Зинедин Зидан ќе има добар тим за следната сезона откако оваа беше очајна за Кралевите.