Top Sport

Игор Аниќ ќе ги менува Мораеш и Калараш во Вардар?

Во морето од шпекулации кој – каде по завршувањето на ракометната сезона и откако стана јасно кој се го напушта РК Вардар непосредно по освојувањето на шампионскиот пехар во ЛШ, како ново име се појави и екс-францускиот репрезентативец, Игор Аниќ(32).

Аниќ, кој има потекло од овие простори, се споменува како опција за испразнетата пикерска позиција во клубот откако Рожерио Мораеш замина во Веспрем, а Глеб Калараш во идната сезона повторно ќе ги брани боите на Мотор Запорожје.
Аниќ сезонава ги бранеше боите на Целје, а претходно има настапувано и за Кил, Гумерзбах, Нант и Монпелје.

Со „триколорите“ стана шампион на Европското првенство во 2014 година, а најсјајното одличје со Франција го зема и на Светското ракометно првенство во 2015 година.

Од претходно, трансферот во Вардар сезонава го потврди рускиот ракометар Сергеј Горпишин кој во Скопје доаѓа од тимот на Ерланген, Германија.

Scroll to Top