Top Sport

Челси им го „украдоа“ Мудрик на Арсенал во зделка од 100 милиони евра

Во неверојатен развој на настаните, Челси се пред потпис со украинската ѕвезда Михајло Мудрик, „крадејќи“ им го трансферот на своите градски ривали Арсенал, откако Шатхјор Доњецк ја прифати нивната понуда од 100 милиони евра.

„Топчиите“ цела зима беа поврзувани со крилото на Шахтјор, но вчера откако бордот на Челси одлета за Полска да се договори за скап трансфер со украинскиот клуб, тие успеаја и да се договорат за седумгодишен договор со фудбалерот, кој веќе е во Лондон за да го потпише договорот.

„Претседателот на Шахтјор, Ринат Ахметов и ко-сопственикот на Челси, Бехдад Егбали денеска разговараа за трансферот на Михајло Мудрик во Челси. Двете страни се блиску до договор за трансфер“, се вели во објавата на Шахтјор.

Претходно, двете понуди на Арсенал беа одбиени, откако Шахтјор остана на посакуваната цена од 100 милиони евра, и „топчиите“ ќе останат без својата долгорочна цел во борбата за титулата во Премиерлигата.

Scroll to Top