Top Sport

Челси има напад нема одбрана, Саутемптон освои бод на „Стенфорд Бриџ“

Саутемптон им приреди нов шок на фудбалерите на Челси и нивниот менаџер Френк Лампард. На „Стенфорд Бриџ“ во петотот коло Челси и Саутемптон одиграа 3:3.

Челси нема одбрана и тоа го покажа и на овој натпревар. „Сините“ прокоцкаат предност од 2:0 која ја имаа стекнаа по 28 минути игра. Блескаше Германецот во првиот дел и поатигна два прекрасни гола. Ова се првите голови во Премиер лигата за Вернер во дресот на Челси.

Искусниот Дени Ингс не им дозволи на домаќините на полувреме да заминат со предност од два гола. Киксот на Хаверц на средината од теренот во продолжение на акцијата го казни Ингс во 43 минута.

Саутемптон немаа намера да се предадат и во 57 минута преку Адамс го израмнија резултатот.

Сепак само две минути подоцна проработе германската врска, Вернер му асистираше на Хаверц за 3.2.

„Светците“ до бд дојдоа во 92 минута кога Вестергард најдобро се снајде пред голот на Кепа. Волејот на Вестергард заврши зад грбот на Кепа за 3:0.

Scroll to Top