Top Sport

Суарез и Караско ја решија Селта

Фудбалерите на Атлетико Мадрид по двата нерешени резултати со Уеска и Виљареал забележаа победа во Примера. „Јорганџиите“ славеа во Виго кај Селта со 2:0. Селта го забележа третиот пораз по ред.

Екипата на Диего Симеоне постигна гол во раната фаза на натпреварот. Во шестата минута Луис Суарез погоди по кацијата која ја креираа Диего Коста и Ману Санчез. Голот против Селта е 150 за Уругваецот во Ла Лига, 147 постигна како играч на барселона, три во дресот на Атлетико.

До крајот на првиот дел Селта имаше две чисти шанси, најпрвин Облак му одбрани зицер на Санти Мина, а потоа Кареира го погоди дирекот.

Во второто полувреме Атлетико го контролираше натпреварот, иако поседот го имаа фудбалерите на Селта.

Конечниот резултат го постави караско во 95 минута. На почетокот на акцијата Жоао Феликс ја погоди гредата, а Караско одбиената топка ја смести во голот.

Проблем за Атлетико е што во второто полувреме се повреди Диего Коста и веројатно го чекаат две недели пауза. Во тој период Атлетико ќе игра против Баерн, Бетис, Салцбург и Осасуна.

Scroll to Top