Top Sport

Челси испратиле понуда за Фернандеш

Челси ќе се обидат до крајот на зимскиот преоден рок даго засилат нападот со играчот на Бенфика Жедсон Фернандеш. „Сините“ имале намера да го позајмат 20 годишниот напаѓач, со можност да го откупат неговиот договор.

Неколку недели медиумите во Португалија тврдат дека Фернандеш се подготвувал да замине од Лисабон. Покрај Челси интерес за овој фудбалер покажале Вест Хем и Манчестер Јунајтед.

„Скај Спорт“ објави дека Челси имале намера најпрвин на 18 месеци да го позајмат Фернандеш, а потоа за сума од 55 милиони фунти да го откупат неговиот договор.

Сепак можноста за откуп би се случила само доколку младиот Португалец додека е на позајмица одигра повеќе од 50 отсто од натпреварите.

Истито извор тврди дека слична понуда испратиле и Вест Хем но тие за откуп на договорот понудиле 33 милиони фунти.

Наводно поради смејни причини Фернандеш сакал да се пресели во Лондон.

Scroll to Top