Top Sport

Годин се подготвувал да замине од Интер

Диего Годин се подготвувал да го напушти Интер. Искусниот Уругваец пред шест месеци како слободен играч од Атлетико Мадрид пристигна на „Џузепе Маеца“.

Годин не го криел незадоволството од статусот што го имал кај тренерот Антонио Конте. На последните три натпревари Уругваецот не влегуваше во игра, а на неговото место довербата на тренерот ја добиваше 13 години помладиот Алесандро Бастони.

„На располагање имам голем број на играчи, играат оние за кои сметам дека во одреден момент се најдобри. Бастони добива предност тој е иднината и сегашноста на клубот“, рекол Конте.

Со оваа изјава тренерот на Интер покажал дека не го интересира тоа што Годин е незадоволен од статусот што го има.

Италијанските медиуми пишуваат дека е можно Уругваецот до крајот на преодниот рок да го напушти клубот.

Scroll to Top