Челси ја одбиле понудата на Баерн Минхен за откуп на договорот на тренерот Ентони Бери, откако новиот тренер на Баварците, Томас Тухел јавно на прес-конференција најави дека сака повторно да соработува со Англичанецот со кого работеше на „Стемфорд Бриџ“.
Тухел уште на првата прес-конференција како тренер на германскиот тим најави дека сака да работи со Англичанецот во Баварија, а поранешниот фудбалер на Рексам ја прифатил поканата. Челси веднаш го поставија 36-годишниот Бери на платен одмор. Бери претходно работеше во ирската и во белгиската репрезнетација, а во моментов работи со Португалија на иста позиција.